Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уапсени 21 возач: 13 биле без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0470efltiilk5YWiior
ФБ

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава лишиле од слобода 21 возач поради безобѕирно управување со моторни возила.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 13 од приведените управувале возило без возачка дозвола. Од нив петмина биле затекнати во Скопје, двајца во тетовскиот регион, а по еден во Македонска Каменица, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар и Битола.

— реклама —

Дополнително, седум возачи биле лишени од слобода затоа што управувале возило под дејство на алкохол. Тројца од нив биле во Скопје, а по еден во Свети Николе, Куманово, Тетово и Велес.

Во Кичево, пак, бил приведен возач кој управувал возило и покрај тоа што имал изречена забрана за управување.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат забрана за управување или се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе кон поголема безбедност во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 19 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 19 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања