Промени тема
Контакт

Уапсени 72 лица во Индонезија поради предизвикување пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD
unsplash

Индонезиските власти уапсиле 72 лица осомничени дека предизвикале дел од шумските пожари и пожарите на отворен простор кои создадоа густ чад и опасна измаглица во повеќе делови од земјата.

Директорот за специјални кривични дела во Агенцијата за криминалистички истраги на Националната полиција, Мохамад Ирхамни, изјави дека осомничените се истражуваат во врска со 89 шумски пожари и пожари на отворен простор во пет провинции на островот Борнео и во уште четири провинции на Суматра.

Повеќето од осомничените, според полицијата, намерно палеле земјиште за да расчистат површини за плантажи со помали трошоци.

— реклама —

„Нема да застанеме кај сторителите на терен. Ќе утврдиме кој имал корист од овие активности и кој на крајот стоел зад нив“, изјави Ирхамни на прес-конференција во Џакарта.

Осомничените се соочуваат со парични и затворски казни, кои, според властите, може да достигнат и до 15 години затвор.

— реклама —

Пожарите создадоа густ облак од чад над делови од Борнео, третиот по големина остров во светот, кој го делат Индонезија, Малезија и Брунеи. Индонезија управува со околу три четвртини од островот, каде што Министерството за заштита на животната средина регистрирало повеќе од 3.700 жаришта.

— реклама —

Проблеми има и на Суматра, каде што денеска биле регистрирани повеќе од 1.700 жаришта. Густата измаглица на одредени места ја намалила видливоста на само десет метри.

Индонезиските власти продолжуваат со мерките за спречување на ширењето на пожарите. Над Калимантан се спроведува засејување на облаци за вештачко предизвикување дожд, а во акциите се вклучени 30 хеликоптери за гасење од воздух и воздушно патролирање. Дополнителни 22 хеликоптери се ангажирани над Суматра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупцијата на вулканот „Анак Кракатау“ повторно отворени аеродромите во Џакарта

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-librarysvb2qa4hj8189IA1MJB

Вулканскиот пепел го парализираше сообраќајот во Индонезија: 270.000 патници и 2.300 летови погодени

Свет | пред 1 седмица

media-librarymas1qqroc53i61qPnFI

(Видео) Индонезија во страв: Еруптираа три вулкани, 150.000 патници останаа заглавени на аеродромите

Свет | пред 1 седмица

media-librarysvb2qa4hj8189IA1MJB

(Видео) Еруптираше вулканот Анак Кракатау: Лава избива од кратерот, пепел стигна до Џакарта, откажани летови

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања