Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Најмалку 13 загинати, 13 исчезнати во поплавен нелегален рудник за злато во Индонезија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 27 минути -

Свет
rudnik
Илустрација

Најмалку 13 рудари го загубиле животот, а уште 13 се водат како исчезнати откако обилните дождови предизвикале поплавување на нелегален рудник за злато во Индонезија, објави „Ал џезира“.

— реклама —

Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по исчезнатите рудари, кои во понеделникот влегле во рудникот, но останале заробени на длабочина од околу 100 метри. Првата пријава до полицијата пристигнала во вторникот, а големата спасувачка операција започнала откако државната рударска компанија „ПТ Антам“ ја известила службата за спасување во Џакарта.

Надлежните соопштиле дека за несреќата дознале со задоцнување бидејќи рудникот работел без дозвола. Локалните рудари и жители првично се обиделе сами да ја испумпаат водата, но не успеале да ја стават ситуацијата под контрола.

— реклама —

Во операцијата се вклучени 325 спасувачи, кои се соочуваат со тешки услови поради тесните окна, слабата осветленост и лизгавиот терен.

— реклама —

Рудникот се наоѓа во областа Понгкор, во провинцијата Западна Јава, на околу 60 километри јужно од главниот град Џакарта.

Несреќите во нелегалните рудници се чест проблем во Индонезија, каде што бројни наоѓалишта се наоѓаат во оддалечени области, што ја отежнува контролата врз рударските активности.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

gradinka-2

Ги врзувале децата за да не ги вознемируваат другите: директорка на градинка во Индонезија осудена на пет години затвор

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупциите на Анак Кракатау се појавија две нови островски формации

Свет | пред 1 месец

media-libraryon4oo2j3m7s353UnYsz

(Видео) Започна операцијата за извлекување на траектот што потона во Јаванското Море, 129 лица сè уште се водат како исчезнати

Свет | пред 2 месеци

media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупцијата на вулканот „Анак Кракатау“ повторно отворени аеродромите во Џакарта

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања