Промени тема
Контакт

(Видео) Започна операцијата за извлекување на траектот што потона во Јаванското Море, 129 лица сè уште се водат како исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryon4oo2j3m7s353UnYsz
Принтскрин / Х

Тимовите за спасување во Индонезија започнаа операција за извлекување на траектот „Virgo Transport 8“, кој минатиот викенд се преврте и потона во Јаванското Море. По несреќата сè уште се трага по 129 лица.

Траектот во неделата рано наутро пловел од Сурабаја кон Бањармасин кога бил зафатен од силно невреме, по што се превртел. Во несреќата досега се потврдени шест жртви, додека 108 лица биле спасени.

— реклама —

На петтиот ден од потрагата не се пронајдени нови преживеани ниту тела. Силните морски струи и високите бранови ја отежнуваат операцијата, поради што властите одлучиле прво да го исправат потонатиот брод за да овозможат полесен пристап до него.

— реклама —

Бродот неколку дена делумно пловел, но во четвртокот вечерта целосно потонал на морското дно.

„Операцијата за извлекување веќе започна. Планот е бродот да се повлече кон поплиток дел од морето, а потоа да се исправи“, изјави командантот на морнарицата во Бањармасин, Галих Нурна Путра.

— реклама —

Според индонезиските власти, операцијата ќе ја води сопственикот на бродот, со поддршка од службите за спасување, морнарицата и поморската полиција. Откако бродот ќе биде исправен, ќе започне извлекувањето и евакуацијата.

Во потрагата денеска се вклучени осум бродови и два хеликоптери, но временските услови, силниот ветер, морските струи и високите бранови и натаму го отежнуваат спасувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупциите на Анак Кракатау се појавија две нови островски формации

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупцијата на вулканот „Анак Кракатау“ повторно отворени аеродромите во Џакарта

Свет | пред 1 месец

media-librarysvb2qa4hj8189IA1MJB

Вулканскиот пепел го парализираше сообраќајот во Индонезија: 270.000 патници и 2.300 летови погодени

Свет | пред 1 месец

media-librarymas1qqroc53i61qPnFI

(Видео) Индонезија во страв: Еруптираа три вулкани, 150.000 патници останаа заглавени на аеродромите

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања