Промени тема
Контакт

По ерупцијата на вулканот „Анак Кракатау“ повторно отворени аеродромите во Џакарта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

Индонезија денеска повторно го отвори својот главен аеродром во Џакарта, како и уште четири аеродроми кои беа затворени поради вулканската пепел од ерупцијата на вулканот Анак Кракатау.

Пепелта од вулканот, кој се наоѓа меѓу островите Јава и Суматра, го прекри главниот град Џакарта и околните подрачја по првата ерупција што се случи пред четири дена.

— реклама —

Министерот за сообраќај Дуди Пурваганди соопшти дека главниот аеродром во Џакарта, „Сукарно-Хата“, повторно е отворен откако ветерот ja однел вулканската пепел од подрачјето.

Пред повторно да бидат пуштени во сообраќај, ќе биде проверена исправноста на 178 авиони кои биле приземјени за време на затворањето на аеродромот.

— реклама —

„Можеби ќе биде потребно дополнително време за авионите да бидат подготвени“, изјави Пурваганди.

— реклама —

Од денеска повторно се отворени и уште четири аеродроми, меѓу кои и помал аеродром во Џакарта и аеродромот во соседниот град Бандунг.

Поради ерупцијата, која започна во петокот навечер, привремено беа затворени осум аеродроми во Индонезија од безбедносни причини. Во прекините на воздушниот сообраќај биле откажани 2.961 лет, што погодило околу 340.000 патници.

— реклама —

Во меѓувреме, вулканот Анак Кракатау повторно еруптирал трипати утрово, соопштија надлежните за следење на вулканската активност. Иако последните ерупции биле послаби од претходната, и понатаму постои опасност од нови прекини на летовите.

Надлежните предупредуваат дека продолжувањето на воздушниот сообраќај ќе зависи од висината на вулканската пепел и правецот на ветерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупциите на Анак Кракатау се појавија две нови островски формации

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryon4oo2j3m7s353UnYsz

(Видео) Започна операцијата за извлекување на траектот што потона во Јаванското Море, 129 лица сè уште се водат како исчезнати

Свет | пред 2 седмици

media-librarysvb2qa4hj8189IA1MJB

Вулканскиот пепел го парализираше сообраќајот во Индонезија: 270.000 патници и 2.300 летови погодени

Свет | пред 3 седмици

media-librarymas1qqroc53i61qPnFI

(Видео) Индонезија во страв: Еруптираа три вулкани, 150.000 патници останаа заглавени на аеродромите

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања