Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уапсени двајца косовски државјани поради криумчарење мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryef6f0du6rpf9e7EEeSZ

Двајца државјани на Косово се лишени од слобода поради сомнение за криумчарење мигранти, откако полицијата на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во комбе со косовски регистарски ознаки.

— реклама —

Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, на 26 мај во 06:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово.

— реклама —

Претходно, на автопатот Гевгелија–Неготино биле запрени возило „фолксваген транспортер“, управувано од А.Г., и „шкода октавија“, управувана од Г.Г. При контролата во комбето биле пронајдени седум мигранти од Египет, а било утврдено и дека возилото „шкода“ служело како претходница.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по што против двајцата косовски државјани била поднесена кривична пријава по член 418-б од Кривичниот законик.

— реклама —

Одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена и тие се спроведени во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.

— реклама —

Мигрантите, пак, се сместени во Центарот за баратели на азил во Визбегово во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 46 минути

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 59 минути

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 час

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања