Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Уапсени поранешни директори на РЕК и сопственикот на „Марковски компани“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryj1hfsh5doho6aHnbRFn
Скопје1.мк

Осум луѓе, меѓу кои и Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“ од Битола, најголемиот тендерџија во РЕК Битола во изминатите години и поранешниот директор на РЕК Пеце Матевски, се уапсени во денешната акција на Финансиската полиција.

Тие се уапсени за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од рудникот Осломеј во рудниците во Битола вреден 106 милиони денари, односно 1,7 милиони евра.

Финансиската полиција постапувала по сомнение за местење на тендер со кој од државниот буџет се испумпани околу 100.000.000 денари.

— реклама —

Претходно оваа компанија беше посочувана за една од најомилените на минатата влада.

— реклама —

Тогаш на прес конференции беше обвинето дека омилената фирма на власта ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери во РЕК Битола. Власта на СДСМ и ДУИ ангажирала приватни булдожери, кои граѓаните ќе ги чинат над 16.000 денари за само еден час работа.

Овој договор чини неверојатни 16.253 денари по час и значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра.

— реклама —

Марковски за две години имаат заработено 200 милиони евра од државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Фиктивни книжења и милионска даночна измама со нафта, буџетот оштетен за над 7,2 милиони денари

Македонија | пред 20 часа

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Турски државјанин и уште едно лице осомничени за даночно затајување од над 12 милиони денари

Македонија | пред 5 дена

media-library32upc69icq8893Bh4zB

Не платил надоместок за отпад, па отворил ликвидација на фирмата – кривична за даночно затајување од 3,8 милиони денари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Затаил данок од над осум милиони денари, Финансиската полиција поднесе кривична пријава

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања