Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уапсени седум возачи: Управувале без дозвола, со забрана или под дејство на алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Во текот на 03. и 04.02.2026 година, полициски службеници од Дебар, Пробиштип, Тетово, Велес, Кавадарци и Кичево лишија од слобода повеќе лица поради управување со моторни возила без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол.

— реклама —

Во Дебар, на 04.02.2026 околу 00:30 часот, А.Л. (28) и А.Л. (23) од Дебар биле лишени од слобода откако претходно учествувале во физичка пресметка со други лица, а при контрола било утврдено дека 28-годишниот управувал возило под дејство на алкохол (1,65 промили) и без возачка дозвола. Возилото било одземено.

— реклама —

Во Пробиштип, Ж.К. (57) од с. Трипатанци бил лишен од слобода поради управување со „југо“ без регистарски ознаки и без положен возачки испит. Во Тетово, А.И. (43) бил лишен од слобода за управување со возило за време на активна забрана, а возилото привремено одземено.

Во Велес, Б.П. (22) од Неготино управувал „сеат толедо“ без да поседува возачка дозвола, а во Кавадарци, С.Ф. (43) управувал „фолксваген пасат“ без дозвола, при што и на двете лица возилата и документи биле одземени.

— реклама —

Во Кичево, Ф.Т. (21) од с. Стрелци и Џ.А. (32) од Прилеп биле лишени од слобода за управување со возила без положен испит.

— реклама —

По целосно документирање на сите случаи, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Напади врз сопруги, малолетно девојче и членови на семејството: Шест пријави за насилство за едно деноноќие

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на МЕПСО во Визбегово

Македонија | пред 6 часа

tepacka1

Напад врз сопруга, патничка во автобус и малолетно девојче: Три случаи на физичко насилство во Кочани и Скопје

Македонија | пред 7 часа

uapsen

По бегството низ прозорец од полициска станица, се предаде 24-годишникот кој физички и психички ја малтретирал партнерката

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања