На 22.11.2024 околу 20 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија- Куманово и Мобилната единица за компензаторни мерки го лишиле од слобода Ф.Ш.(26) од Косово, затоа што при извршен преглед на патничко возило „голф 7“ со косовски национални ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш. Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје и по целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува соодветен поднесок.
Уапсено лице од Косово: затекнат со седум игранти во „голф 7“
Поврзани содржини
(Видео) Детали за сообраќајката во која возило излета од булевар во Аеродром и се заби во канделабра
Скопје | пред 2 часа
Возеле без дозвола, пијани или со забрана: 15 лица приведени во едно деноноќие
Македонија | пред 2 часа
Уапсен 19-годишник: преку социјалните мрежи испраќал навредливи пораки и експлицитни снимки од поранешната девојка
Македонија | пред 2 часа
Нуркачи трагаат по 71-годишен скопјанец: Скокнал по веслото во Преспанско езеро и не излегол
Македонија | пред 2 часа