Промени тема
Контакт

Син си ја убил мајката во Богданци, со повеќе убоди во пределот на главата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library4s83ii19s4ni5A8aajh

Маж од Богданци е лишен од слобода поради сомнение дека со остар предмет ја усмртил својата мајка, а по извршувањето на делото самиот се пријавил во полиција.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 јануари 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го уапсиле П.С. (39) од Богданци. Според првичните сознанија, претходната вечер околу 21 часот, во станот каде што живееле, избувнала расправија меѓу него и неговата мајка М.С. (58), која ескалирала во физичка пресметка. Во текот на конфликтот, осомничениот со остар предмет ѝ нанел повеќе убодни рани во пределот на главата.

— реклама —

Жената починала од здобиените повреди, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Гевгелија.

— реклама —

Од МВР дополнуваат дека утрото, во 07:05 часот, осомничениот сам се пријавил во Полициската канцеларија во Богданци и го признал настанот.

— реклама —

Увид на местото на злосторството извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на обвинителот, телото на починатата е предадено на обдукција, а против осомничениот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело убиство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

60-годишен скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library76ee7sj98oupd7DEdih

70-годишен скопјанец пронајден починат, телото предадено на обдукција

Македонија | пред 17 часа

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Тројца малолетни ученици физички нападнати во Рекреативниот центар „Сарај“

Скопје | пред 18 часа

media-library9e9f9mqh3e0daePfi5N

Приведен 35-годишник, со трактор без регистарски ознаки превезувал бесправно исечени дрва

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања