Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
27-april

„ДПМНЕ наместо да се извинат пред јавноста, наместо да се покајат, за крвавиот четврток, тие осудените насилници ги нарекуваат херои и уставобранители“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители, како што велат Силјановска и Мицкоски.

Не може насилниците, што се обидоа да го суспендираат Уставот, на тој крвав ден, точно пред седум години, да бидат уставобранители.

— реклама —

Поттикнати од ДПМНЕ, тие со насилство го бранеа режимот, а не Уставот.

— реклама —

Со огнено оружје и метални палки насилниците, ги бранеа криминалите на ДПМНЕ, ја бранеа заробената држава, сваровски судството, купените медиуми, узурпираните институции, тендерите и провизиите, за да може од Белата палата да продолжат да јадат чоколадо, а да нема ни за леб, да продолжат да ги тепаат студентите, да затвораат медуми и новинари, да организираат спектакуларни апсења, да нарачуваат пресуди по телефон, да увезуваат гласачи од Пустец и грчки песок, да ставаат уште споменици и мермер од стиропор, да сеат раздор и поделби меѓу граѓаните.

Насилници никогаш нема да бидат уставобранители.

— реклама —

Слободата и демократијата, кои СДСМ ги врати, се скапоцени, 27 април не смее да се заборави, не смее да се повтори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања