Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

УЈП алармира: Над 10.000 даночни обврзници не поднеле ДДВ пријави или не платиле долг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ujp

Управата за јавни приходи испрати итен повик до сите ДДВ обврзници поради, како што беше соопштено, „загрижувачко непочитување на законските обврски“ за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност (ДДВ).

— реклама —

Според состојбата на 25 јули 2025 година:

— реклама —

• 142 месечни обврзници и 2.134 тримесечни обврзници не поднеле ДДВ пријави за јули и вториот квартал.

• Обврската за плаќање на веќе пријавениот ДДВ не ја исполниле 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници.

— реклама —

Директорката на УЈП Елена Петрова испрати порака дека секој што не постапил согласно законот мора итно да го стори тоа, посочувајќи дека непочитувањето на роковите претставува сериозен прекршок кој нема да биде толериран.

— реклама —

„Даночната дисциплина не е избор, туку обврска и одговорност на секој граѓанин и секоја компанија. Тоа е темел на функционална држава“, порачуваат од УЈП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ujp

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Македонија | пред 1 седмица

ujp

УЈП ги откри најголемите заработки: 4,2 милиони евра за гевгеличанец, 4,1 милион за охриѓанец, највисоката плата е 189.000 евра бруто месечно

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh44hrq08ibh3bV4Yktx

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања