Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

УЈП ги повика издавачите на сместување навреме да ги пријават приходите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
ujp

Во екот на летната туристичка сезона, Управата за јавни приходи (УЈП) започна засилени активности насочени кон поттикнување на доброволното исполнување на даночните обврски и обезбедување фер услови за работа во туристичкиот сектор.

— реклама —

Во фокусот се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткорочно издавање сместувачки капацитети, како што се апартмани, станови, куќи, викендички и соби, како и од други сезонски туристички дејности.

— реклама —

Како што информираат од УЈП, активностите опфаќаат објавување практични насоки за пријавување на приходите, директна комуникација и поддршка за даночните обврзници, размена на информации со други институции, анализи на ризик, насочени контроли, како и информативна кампања преку медиумите и социјалните мрежи.

— реклама —

Од Управата нагласуваат дека целта не е само укажување на законските обврски, туку и помош за граѓаните навремено и правилно да ги исполнат. Истовремено потсетуваат дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи.

УЈП најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со анализи и контроли засновани на процена на ризик, со цел доследна примена на законите, спречување нелојална конкуренција и обезбедување еднакви услови за сите учесници на пазарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ujp

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Македонија | пред 1 седмица

ujp

УЈП ги откри најголемите заработки: 4,2 милиони евра за гевгеличанец, 4,1 милион за охриѓанец, највисоката плата е 189.000 евра бруто месечно

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh44hrq08ibh3bV4Yktx

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања