Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

УЈП одговори дали студентите ќе плаќаат данок во Македонија за парите од „Work and travel“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarysglgtqlrcut7es3EVfH

УЈП соопшти дека нема нови даночни обврски за студентите и дека не се оданочуваат веќе оданочени суми. Активностите се за воспоставување ред, еднаква примена на законите и поттикнување доброволно пријавување, со појаснувања и персонализирани известувања. Нема двојно оданочување, но обврската за пријавување на доход од странство останува за даночните резиденти (живеалиште/престој над 183 дена). Студенти што работеле во Германија под 183 дена се резиденти на Македонија, пријавуваат преку е-даночни услуги и поднесуваат пресметка до 10-ти; данокот се плаќа во Македонија, а задржаниот во Германија им бил вратен.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Управата за јавни приходи соопшти дека нема нови даночни обврски за студентите и дека не станува збор за оданочување на веќе оданочени суми, реагирајќи на информациите во дел од медиумите дека студентите се „на удар“ поради летна работа во Германија.

— реклама —

„УЈП не наметнува нови обврски, ниту бара исполнување на обврски кои не се законски регулирани“, соопштуваат од Управата за јавни приходи.

— реклама —

Оттаму посочуваат дека активностите се насочени кон воспоставување ред во оданочувањето и еднаква примена на законите, а не кон санкционирање.

— реклама —

„Со овие активности никој не е „на удар“, туку станува збор за мерки насочени кон подигање на свеста за законските обврски и обезбедување поддршка за нивно правилно и навремено исполнување“, велат од УЈП.

Во соопштението се нагласува дека институцијата во изминатиот период објавувала појаснувачки материјали, како и дека испраќала персонализирани известувања до граѓаните кои во 2025 година оствариле доход во странство, меѓу кои и студенти.

„Пристапот на УЈП не е насочен само кон присилно спроведување на законските одредби, туку пред сè кон поттикнување доброволно пријавување и плаќање на даноците, преку јавно и персонализирано појаснување на законските обврски“, информираат од Управата.

Од УЈП потенцираат дека не може да има двојно оданочување на ист доход, бидејќи тоа е регулирано со закони и меѓународни договори, но обврската за пријавување останува.

„УЈП во повеќе наврати потенцира дека не може да има двојно оданочување на ист доход и дека законите и меѓународните договори прецизно утврдуваат во која држава се плаќа данокот“, наведуваат од институцијата.

Сепак, секој даночен резидент на државата има обврска да го пријави доходот остварен во странство, без разлика каде е заработен.

„Секое физичко лице македонски даночен резидент има обврска да пријави и плати данок на доходот остварен како во земјата, така и од странство“, појаснува УЈП.

Во соопштението се објаснува дека резидент е лице кое има постојано живеалиште во државата или престојува повеќе од 183 дена, а доход од работа се смета секој приход од работен однос, вклучително и привремени ангажмани во странство.

За студентите кои работеле во Германија, УЈП појаснува дека ако престојот бил пократок од 183 дена, тие остануваат даночни резиденти на Македонија и имаат конкретни обврски.

„Физичките лица – студенти кои оствариле доход од краткотрајна работа во Германија, со работа таму во период пократок од 183 дена се македонски даночни резиденти и имаат обврска да го пријават доходот преку системот е-даночни услуги и да поднесат електронска пресметка најдоцна до 10-ти во месецот за доходот остварен во претходниот месец“, наведуваат од УЈП.

Според важечките прописи и договорот со Германија, данокот за овој вид доход се плаќа во Македонија.

„За вака остварениот доход од работа во Германија, согласно Законот и меѓународниот договор данокот се плаќа во Македонија“, соопштува УЈП.

Дополнително, институцијата посочува дека според достапните информации, данокот што бил задржан во Германија им бил вратен на студентите, поради што истиот доход се оданочува во Македонија согласно договорот за избегнување двојно оданочување.

„Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија“, наведуваат од Управата за јавни приходи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

fiskalni333

Сива економија под удар, УЈП со засилени контроли: Над 6.400 фирми работат без фискални апарати

Македонија | пред 2 дена

ujp

УЈП апелира до трговците да ги прилагодат фискалните системи, ценовниците и фактурите, најави засилени контроли

Македонија | пред 1 седмица

ujp

УЈП воведува системски пристап за ефикасна наплата на даночни долгови

Македонија | пред 2 седмици

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

Секоја четврта контрола открива неправилности во готовинскиот промет: изречени 3.200 глоби и 120 затворени објекти

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања