Промени тема
Контакт

УЈП: Остануваат уште пет работни дена за поднесување на ДДВ -04 пријавите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ujp

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Важно е да се напомене дека 23-ти октомври е неработен ден, но системите на УЈП работат и сите кои имаат обврска за поднесување на ДДВ – 04 пријави истото ќе може да го сторат и во среда..

Досега, поднесени се само 11.113 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што претставува само 27,12% од вкупниот број. Ова укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска.

Запомнете, непостапувањето во рок може да доведе до казни и дополнителни финансиски трошоци. Затоа, не чекајте! Поднесете ги вашите пријави навреме и избегнете стрес и дополнителни санкции.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина, соопшти УЈП.

— реклама —

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка сите прашања и коментари, поткрепени со документација можат да ги достават на инфо сандачето info@ujp.gov.mk. Даночните службеници по службена должност ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите.

— реклама —

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на телефоните:

📞 Од фиксна линија: 0800 33 000

— реклама —

📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200

Не чекајте, постапете веднаш Управата за јавни приходи и нејзините вработени се тука за да ви понудат навремени, точни и јасни информации со цел исполнување на даночните обврски, велат од УЈП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

danok

Над 221 милион евра даночен долг кон државата – три скопски фирми на врвот на листата на УЈП

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarybcofi2gtj6gh0XUflvd

Нова ера за фактурирањето: УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банките

Македонија | пред 1 месец

ujp

УЈП ги повика издавачите на сместување навреме да ги пријават приходите

Македонија | пред 1 месец

ujp

Над 35.000 незавршени регистрации во е-Даночни услуги, УЈП ги повика граѓаните да ја комплетираат регистрацијата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања