Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

УЈП: Проверете ги сметките, во тек е исплатата на МојДДВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
DDV

Управата за јавни приходи соопшти дека започнала исплатата на средствата од „МојДДВ“ за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од 2026 година.

Според УЈП, исплатата ќе се реализира етапно, согласно обработката на налозите.

— реклама —

„Кон 528.447 корисници ќе бидат исплатени близу 836 милиони денари“, соопштија од УЈП.

— реклама —

Од таму посочуваат дека кај дел од корисниците се утврдени проблеми со податоците за трансакциските сметки, поради што исплатата засега не може да се реализира.

„Кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира сè додека податоците не се коригираат“, велат од УЈП.

— реклама —

Дополнително, кај 7.560 корисници износот за поврат е помал од 50 денари, па тие средства ќе бидат префрлени и исплатени во следниот квартал.

— реклама —

УЈП апелира до граѓаните кои сè уште немаат добиено средства од претходни или тековни исплати да ги проверат податоците за трансакциската сметка во апликацијата „МојДДВ“.

„Со точни податоци, исплатата ќе може непречено да се реализира“, додаваат од Управата за јавни приходи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

ujp

5.200 граѓани и компании должат над 14 милијарди денари за неплатени даноци и царини

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
plta-333

Над 25 илјади работодавачи не исплатиле навреме плати за септември, погодени над 72 илјади вработени

Македонија | пред 1 седмица

media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок

Македонија | пред 4 седмици

ujp

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања