Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

УЈП со важно известување: До 30 јуни истекува рокот за првите пријави за минималниот глобален данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година согласно Законот за минимален глобален данок на добивка и Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка.

Како што соопшти УЈП, Законот предвидува мерки со кои се обезбедува минимално ефективно оданочување на добивката на мултинационални групи на компании и големи домашни групи, со минимална даночна стапка од 15 проценти.

— реклама —

Законот се однесува на составни субјекти со седиште во државата кои се дел од мултинационални или големи домашни групи, чиј годишен приход во консолидираните финансиски извештаи на крајната матична компанија во најмалку две фискални години во периодот од 2020 до 2023 година изнесувал најмалку 750 милиони евра.

Според законските одредби, минималното ефективно оданочување се обезбедува преку три механизми: правилото за квалификуван домашен дополнителен данок, правилото за вклучување на добивката и правилото за помалку оданочена добивка.

— реклама —

УЈП информира дека засегнатите даночни обврзници најдоцна до 30 јуни треба електронски да достават известување за субјектот назначен за поднесување на Пријавата за информации за дополнителен данок, како и Пријава за квалификуван домашен дополнителен данок (образец КДДД/П).

Известувањето е достапно на веб-страницата на УЈП, а пополнетиот образец треба да се испрати електронски на адресата Kontakt_Centar@ujp.gov.mk.

— реклама —

Дополнително, до 30 јуни треба да се поднесе и Пријавата за информации за дополнителен данок преку системот е-Даночни услуги, во делот „Извештај за глобален данок“.

Пријавата за квалификуван домашен дополнителен данок (КДДД/П) се поднесува најдоцна до 30 јуни, додека Пријавата за дополнителен данок (ДДД/П) треба да се достави најдоцна до 30 јули 2026 година.

Од УЈП посочуваат дека даночните пријави мора да се поднесат и во случај кога пресметаниот данок за плаќање изнесува нула.

Рокот за плаќање на квалификуваниот домашен дополнителен данок е 30 јули 2026 година, додека дополнителниот данок на добивка треба да се плати најдоцна до 30 август 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ujp

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Македонија | пред 1 седмица

ujp

УЈП ги откри најголемите заработки: 4,2 милиони евра за гевгеличанец, 4,1 милион за охриѓанец, највисоката плата е 189.000 евра бруто месечно

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh44hrq08ibh3bV4Yktx

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања