Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Снегот ги отежна условите на патиштата: забрани за тешки товарни возила на четири патни правци низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
preseka

Зимските услови и врнежите од снег предизвикаа ограничувања за движење на тешките товарни возила на четири патни правци низ Македонија. Утрово, сепак, сообраќајот за сите видови возила е нормализиран на превојот Буково, меѓу Ресен и Охрид, како и на патот од Делчево до граничниот премин со Бугарија.

— реклама —

Според информациите на АМСМ, забраните за камиони сè уште се во сила на делниците Маврово – Дебар, преку превојот Стража, Крива Паланка – Деве Баир и Битола – Ресен, преку превојот Ѓавато.

— реклама —
— реклама —

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека сите патни правци се проодни, а екипите со расположливата механизација работат на расчистување на снегот. На државните патишта коловозите се влажни, а врнежи од снег утрово има на повисоките места.

— реклама —

Возачите се повикуваат да поседуваат задолжителна зимска опрема и да ја приспособат брзината според условите на патиштата. На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryk39pjnsl8acf39mVdFp

Внимателно на патиштата: Магла на патот кон Попова Шапка

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-8200PM

Се санира автопатот Кичево – Охрид, воведен времен режим кај клучката Арбиново

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Од утре времен режим на сообраќај на автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот

Македонија | пред 1 месец

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања