Промени тема
Контакт

Укинато ограничувањето на „Hug & Fly“ на скопскиот аеродром: ТАВ го враќа бесплатниот пристап без лимит од еден влез

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO
Скопје1.мк

ТАВ Македонија ја повлече мерката со која беше ограничен бесплатниот пристап на едно возило во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје на само еден влез во период од 24 часа.

— реклама —

Одлуката следува откако Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на анализата на условите и режимот за користење на зоната, побарала од ТАВ Македонија дополнителни појаснувања и релевантни податоци за воведеното ограничување.

— реклама —

По доставеното барање, ТАВ Македонија ја известила Комисијата дека ја повлекла одлуката за ограничување на бесплатниот пристап.

— реклама —

Од Комисијата ја поздравуваат одлуката и најавуваат дека ќе продолжат да ја следат состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура, особено од аспект на обезбедување еднакви и недискриминаторски услови за сите учесници на пазарот.

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата посочува дека останува посветена на заштитата на конкуренцијата и ќе продолжи да постапува во рамки на своите законски надлежности кога постои можност одредени услови или мерки да влијаат врз конкуренцијата и интересите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydr7ri81h3r038V5zICp

Од утре ново правило на скопскиот аеродром: Бесплатниот влез ограничен на еднаш дневно

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-27-8480PM

Скопскиот аеродром го достигна рекордниот праг од три милиони патници – Николоски: „Ова беше незамисливо пред две децении“

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања