Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Унгарија ja тужи ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
sijarto

Унгарската влада поднесе тужба до Судот на правдата на ЕУ, барајќи поништување на Уредбата RePower EU, чија цел е постепено укинување на увозот на руски гас.

Ова го изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто. Тој тврди дека ЕУ со усвојувањето на уредбата ја надминала својата надлежност, бидејќи одлуката е погрешно претставена како мерка на трговска политика, а не како санкција, додека нејзината примена би ја загрозила безбедноста на снабдувањето со енергија во Унгарија.

— реклама —

Сијарто, пишува унгарскиот Индеx, наведе дека Унгарија ја оспорила уредбата RePower EU пред Судот на ЕУ по нејзиното официјално стапување на сила, истакнувајќи дека за Унгарија не постојат поевтини и по сигурни алтернативи на руската нафта и гас, како и дека без тие енергенти не е можно да се гарантира енергетската безбедност на земјата ниту одржувањето на ниски трошоци за домаќинствата.

Сијарто наведе три клучни причини поради кои Будимпешта бара поништување на уредбата: прво, RePower EU во суштина претставува политика на санкции, поради што би барала едногласна одлука на земјите членки; второ, ЕУ нема надлежност за донесување такви одлуки бидејќи енергетската политика е во надлежност на земјите членки; и трето, принципот на енергетска солидарност во ЕУ се крши доколку се загрозува снабдувањето со енергија на која било членка.

— реклама —

Според Сијарто, судскиот процес би можел да трае помеѓу една и пол и две години, а укинувањето на руските енергенти, како што наведе, би можело да го зголеми трошокот за енергија во Унгарија.

— реклама —

Уредбата RePower EU беше усвоена од Европскиот парламент во декември, додека Советот на ЕУ ја потврди во јануари, при што против беа само Унгарија и Словачка.

Според планот, забраната се однесува исклучиво на рускиот гас, додека за укинување на увозот на руска нафта и нуклеарно гориво ќе се одлучува со посебна уредба во 2026 година.

Според договорот на институциите на ЕУ, увозот на руски течен природен гас (LNG) би бил забранет од почетокот на 2026 година, додека забраната за увоз на гас преку гасоводи би стапила на сила на 30 септември 2027 година, со предвидени транзициски периоди за постоечките договори.

Уредбата предвидува и обврска на земјите членки да изработат национални планови за диверзификација на снабдувањето со гас, додека Европската комисија ќе ја надгледува примената на забраната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library99m7hee7s5e17Vc578F

ЕУ бара намалување на трговскиот дефицит со Кина, разгледува нови ограничувања

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирена од новата руска ескалација во Црното Море

Свет | пред 10 часа

ursula-1

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Свет | пред 1 ден

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Европските институции под притисок поради протестите на младите

Спорт | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања