Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Унковски се враќа во МНТ со „Сите сме птици“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Slobodan-Unkovski

Со особена радост ја објавуваме веста за нови креативни почетоци и првата читачка проба на претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на нашиот ценет Слободан Унковски, информираатод МНТ.

„Најновиот проект и соработка со Унковски сите го очекувавме веќе подолг период, кој по девет години од последната негова претстава, повторно режира во МНТ. Ја поставува оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, притоа го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме.

— реклама —

Во драмата на уникатниот и современ автор Муавад, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сѐ она што го знаат за својот идентитет. Терористички напад во Ерусалим го става во кома младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан, додека неговата мароканска девојка Вахида е оставена да ја открие неговата семејна тајна...

— реклама —

Во претставата ќе игра веќе докажана актерска екипа: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други.

— реклама —

Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска. Унковски во изминатите децении на сцената на Македонскиот народен театар ги постави претставите кои уште долго ќе се паметат: „Јунона и паунот“ (1971), „Среќна нова '49“ (1985), „Ништо без Трифолио“ (1986), „Гнев божји“ (1990), „Црнила 005“ (2005) и „Изгубени германци“ (2013). Премиерата на претставата „Сите сме птици“ се очекува со почетокот на новата театарска сезона“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykss3ht96r51u7Fg6nM9

Претставата „Татко“ на Флоријан Зелер гостува во МНТ на 18 мај

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryflq410hlaef45ZIPaDn

МНТ: Кирил Поп Христов остави значаен белег во македонската култура, вечна му слава

Магазин | пред 2 месеци

media-library4imssnjrbtj86ID4aPt

МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува во Кичево

Магазин | пред 2 месеци

media-librarygpc9o2npphfqbHHfHEz

„Кец на десетка“ со 100-та изведба во МНТ

Магазин | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања