Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Уставниот суд стана жртва на етнички уцени, реагира Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4322

„Левица - како подносител на Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците - најавениот бојкот од уставните судии Осман Кадриу и Насер Ајдари го оценува како скандалозен и неприфатлив. Политичкиот бојкот не е ништо помалку од обид за насилно одржување на неуставната двојазичност, иако Европската унија и Венецијанската комисија веќе ја оценија како спротивна на владеењето на правото“ велат од Левица и додаваат:

Оваа ситуација ја разоткрива и суштинската слабост на Бадентеровиот принцип, кој се претвори исклучиво во алатка за етнички диктат и блокирање на институциите. Наместо правна стабилност, добиваме парализирани институции подложни на политички и етнички манипулации.

— реклама —

Дополнително, овој случај ја потврдува итната потреба од дефинирање на критериумите за избор на уставни судии наспроти флоскулата ‘истакнат правник’. Моменталната практика на произволен избор, заснована исклучиво на партиски, етнички и субјективни критериуми, доведе и до ситуација каде судии отворено одбиваат да одлучуваат по прашања што ги сметаат за „етнички чувствителни“. Пратениците од Левица во минатиот мандат поднесоа предлог-закон во оваа насока, со цел прецизно дефинирање на поимот ‘истакнат правник’, но тој не доби поддршка. Одлучни сме повторно да го предложиме, бидејќи без вакви реформи, Уставниот суд ќе продолжи да биде инструмент на етнички и политички интереси, а не на правдата.

Го повикуваме претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадинов, да ги преиспита процедурите, да го смени заклучокот за одлучување во полн состав за т.н. Закон за двојазичност и да обезбеди функционалност на Судот. Судот мора да одлучува врз основа на правото, а не под притисок на етнички и политички уцени. Доколку не се обезбеди функционалност, ќе стане јасно дека Уставниот суд не е заштитник на Уставот, туку заложник на етничките калкулации и политичкиот терор.

— реклама —

Уставниот суд треба да биде бастион на правото и владеењето на законите – а не арена за политички и етнички бојкоти и манипулации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

„Полицајците со истрошени униформи поради коруптивните тендери на Тошковски“, велат од Левица

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците“, велат од Левица

Македонија | пред 3 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Премиерот може да ја менува реториката но, сметката за струја ја кажува вистината“, велат од Левица

Македонија | пред 4 дена

media-library69q48b557u3aeb3wjTm

Левица: Економскиот „раст“ на Мицкоски е статистичка илузија

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања