Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вандализирано детското игралиште „Патрик“, Општина Аеродром најави пријави против сторителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-librarymr34r56a6es5fp4oD34

Детското игралиште „Патрик“ во Општина Аеродром било сериозно оштетено откако, според информациите од општината, група млади лица извршила вандализам врз дел од реквизитите и опремата.

— реклама —

По инцидентот, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, извршил увид на терен заедно со општинските служби.

Од Општина Аеродром информираат дека станува збор за едно од најуредените детски игралишта во општината, а првичните проценки покажуваат дека причинетата штета изнесува повеќе илјади евра.

— реклама —

Поради безбедносни причини, игралиштето е привремено затворено, а во најкус можен рок ќе започне санација на оштетувањата и замена на уништените реквизити.

— реклама —

Случајот е пријавен во полиција, а против сторителите се поднесени соодветни пријави.

Од Општина Аеродром упатија благодарност до сограѓанинот Никола Поповиќ, кој, како што наведуваат, со својата навремена реакција помогнал да се спречи натамошно оштетување на игралиштето.

— реклама —

„Мора да ставиме крај на ваквите појави. Јавното добро не е ничие приватно игралиште за уништување. Тоа е создадено со средства на граѓаните и обврска на сите нас е да го чуваме и почитуваме“, порачаа од Општина Аеродром, апелирајќи граѓаните да пријавуваат случаи на вандализам и уништување на јавен имот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntpro4bu5nb97HKk4Kg

Граѓани снимиле камион кој истурал отпад во Аеродром, инспекциските служби веднаш реагирале

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryol0d1jb71ovg20k6aK5

Општина Аеродром ослободува паркинг-места: Се отстрануваат старите и напуштени возила

Скопје | пред 3 дена

media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Скопје | пред 5 дена

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања