„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Вардариште“ под лупа: Камери, обезбедување и ограда за депонијата веднаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
aerodrom-vardariste

По повеќе од две недели секојдневни блокади, граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го префрли својот фокус директно на терен, организирајќи увид на лице место на дивата депонија. Активистите, кои се собраа во 7:20 часот пред мостот Близнак, го започнаа разгледувањето на состојбата на депонијата во 8:30 часот, каде што, според најавите, очекуваат да им се придружи и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, за да одговори на нивните прашања.

— реклама —

Од иницијативата вчера ги повикаа и претставниците на сите надлежни институции да дојдат на терен и да им презентираат конкретни мерки што ќе се преземат веднаш, а не по завршувањето на локалните избори.

Граѓаните доставија и листа со седум клучни барања за итно дејствување:

— реклама —
  • Воспоставување на 24-часовен јавно достапен видео-надзор.

  • Воспоставување на 24-часовно физичко обезбедување на депонијата.

  • Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на локацијата.

  • Поставување на ограда околу целата депонија.

  • Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште.

  • Откривање и казнување на потпалувачите на пожарите.

  • Ригорозни мерки против сите кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4brs0ve4fekl43iVArO

(Фото) Се чисти Вардариште со тешка механизација, отпадот се транспортира на Дрисла

Скопје | пред 2 месеци

media-library8o34vtj7ji9e50h5VjW

(ФОТО) „Вардариште ќе стане современа претоварна станица, а не дива депонија“, вети Шукова

Скопје | пред 3 месеци

vardariste-OJO

„Стоп за Вардариште“ - Депонијата нема ограда!

Скопје | пред 3 месеци

vardariste-protest

„Стоп за Вардариште“ в петок организира два протести во Аеродром: „Работодавците да имаат разбирање за граѓаните кои ќе доцнат на работа“

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања