Промени тема
Контакт

Варено јајце, компир, шрафцигер и Лего коцки меѓу необичните предмети отстранети од пациентите во англиските болници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Англиските болници во текот на 2022 година имале повеќе од 1.500 посети на итните одделенија поради предмети заглавени во ректумот на пациентите. Меѓу предметите што медицинските екипи морале да ги отстрануваат имало електронски цигари, Лего коцки, далечински управувачи, играчки, па дури и рачка од четка за тоалет, објави агенцијата ДПА.

Податоците биле откриени откако новинската агенција „Прес асошиејшн“ испратила повеќе од 100 барања за пристап до информации до болници низ Англија, барајќи податоци за случаи на странски тела во ректумот во 2022 година.

— реклама —

Медицинските екипи во болниците во Левишам и Гринич, во јужниот дел на Лондон, отстранувале Лего коцки ставени во балони, шишиња пиво и шампон, четка за заби, па дури и рачка од врата. Болниците во Бирмингем, пак, забележале повеќе посети за отстранување предмети како мобилни телефони и закачалки за облека.

— реклама —

Во грофовијата Беркшир, лекарите отстранувале куршум од играчка „Нерф“, варено јајце, лименка „Кока-Кола“, компир, шишенце дезодоранс и рачка од четка за тоалет. Меѓу предметите имало и краставици, тиквички, грозје и јаболко.

Списокот вклучувал и далечински управувачи за телевизори, детски играчки, мешалка за коктели, банкарска картичка, метални завртки, пинцети, жилети, игла за плетење, ножеви, спојувалки и шрафцигер. Меѓу пронајдените предмети биле и гранка, свеќа и чоколадно јајце „Киндер“.

— реклама —

Според податоците што ги анализирала „Прес асошиејшн“, во 2022 година повеќе од 1.500 луѓе побарале помош во одделенијата за итна медицинска помош поради „странско тело во ректумот“.

Крис Нордстром, лекар во одделението за итна медицинска помош во болницата „Нортвик парк“, во северозападен Лондон, изјавил дека ваквите случаи се релативно ретки, но дека при нивното појавување најважно е да се обезбеди безбедна и сочувствителна медицинска грижа, без осудување на пациентите.

Тој додал дека секој што ќе се соочи со ваков проблем треба веднаш да побара медицинска помош, наместо да ризикува дополнителни повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Трагедија во Англија: пронајдено тело на тригодишно момче по неколкучасовна потрага

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Британец призна дека повеќе од 20 години ја дрогирал и силувал сопругата

Свет | пред 1 месец

pijan

Слеп и пијан маж возел 240 километри по автопат без дозвола во Англија – доби условна затворска казна

Свет | пред 1 месец

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Новороденче пронајдено мртво во дом во Англија, полицијата уапси седум лица

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања