Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ваучери за храна наместо пари, предлог на Министерството за образование за студентскиот оброк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува наскоро да биде постигнат договор за студентскиот оброк. Таа најави продолжување на разговорите со студентските претставници, како и средба со премиерот и студентите.

— реклама —

Јаневска посочи дека студентите побарале зголемување на износот, но објасни дека со претходното раководство на студентските собранија било договорено да се прошири опфатот на корисници наместо да се зголеми сумата. Според неа, со новото раководство има одредени разлики во ставовите, но верува дека наскоро ќе се најде решение.

— реклама —

Како една од можностите, Министерството предложило ваучерски систем сличен на оној во Словенија. Ваучерите би можеле да се користат во сендвичарници, пекари и ресторани за купување храна, со цел средствата да бидат наменети исклучиво за субвенционирање на оброк.

— реклама —

Министерката рече дека институциите се подготвени да продолжат со разговорите за да се најде прифатливо решение за студентите.

Во однос на барањата за бесплатен јавен и меѓуградски превоз, Јаневска појасни дека јавниот превоз не е во надлежност на Министерството за образование и наука. Таа додаде дека во моментов нема законска можност за бесплатен меѓуградски превоз за студентите, но ова прашање може да се разгледува во иднина, во консултација со нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5bu5me34s6ja2yMsCbq

Амандман за повисок студентски оброк: се предлага да се зголеми од 140 на 200 денари

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Студентите и оваа година ќе добиваат 840 денари неделно за оброк: Пријавувањето почнува на 26 август

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања