Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Важна вест ако патувате кон Грција: Попладнево шестчасовна блокада на Евзони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s
YouTube/Print Screen

Граничниот премин Евзони и денеска ќе биде затворен шест часа поради протестите на грчките земјоделци, кои најавија нова блокада во периодот од 17 до 23 часот по македонско време. Во тој интервал ќе биде оневозможен влезот и излезот од Грција за сите категории возила – камиони, патнички автомобили и автобуси.

— реклама —

Истата мерка беше применета и вчера, а земјоделците најавуваат дека и во наредните денови одлуките за блокадите ќе ги носат во последен момент, особено во контекст на најавената средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, која треба да се одржи во вторник.

Дополнителни ограничувања има и на граничниот премин Ники, односно (Меџитлија), каде што е воведена забрана за сообраќај на товарни возила до утре до 10 часот.

— реклама —

Протестите низ Грција влегоа во нова фаза откако земјоделците вчера ја започнаа најавената 48-часовна акција со блокади на повеќе локации во земјата.

Земјоделските протести во Грција започнаа на 30 ноември и траат повеќе од 40 дена, со речиси секојдневни блокади на патишта и клучни сообраќајни точки низ целата земја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjodelci

Трипуновски најавува фер систем: Поддршката ќе оди кај оние што навистина произведуваат

Македонија | пред 3 седмици

pariz-traktori

(Видео)Фармерите ги блокираа Ајфеловата кула Триумфалната капија

Свет | пред 2 месеци

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

Богородица и Меџитлија затворени 48 часа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryf4q6kot5rgua9ufciGe

Грчките земјоделци ги радикализираат протестите, четврток и петок 48 часовна блокада

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања