Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Важно соопштение од МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Секторот за компјутерски криминал при МВР, Ве известува дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница.

— реклама —

„Обидите најчесто доаѓаат преку електронска пошта, но и преку социјалните мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Во некои случаи, жртвите добивале порака дека се предмет на наводни правни постапки за измислени кривични дела и се повикувале да стапат во контакт со испраќачот преку вибер или телеграм линк.

— реклама —

Дополнително, постојат случаи во кои граѓаните добивале пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност или министерот за внатрешни работи, со кои им се соопштува дека се под истрага за извршени кривични дела и дека е потребно да се регистрираат преку е-пошта и да ги достават нивните лични податоци.

— реклама —

Овие електронски пораки се класичен обид за измама со цел прибирање на лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба. Затоа, апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа се бара.

— реклама —

За да се избегне ризикот од зараза со малициозен софтвер, Секторот за компјутерски криминал препорачува граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки од непознати испраќачи. Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека ваквите измами честопати имаат меѓународна димензија, бидејќи слични пораки се забележани и во други држави од регионот“, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybami3fdjcs25eeAiKZp

Потрага по скопјанец кој скокнал во Преспанското Езеро по веслата и не излегол од водата

Македонија | пред 6 часа

media-libraryv24ll7t5htqvbRI2J13

(Видео) Детали за сообраќајката во која возило излета од булевар во Аеродром и се заби во канделабра

Скопје | пред 9 часа

media-librarytplgk73t27g53DmGrm3

Возеле без дозвола, пијани или со забрана: 15 лица приведени во едно деноноќие

Македонија | пред 9 часа

IMG_4256

Уапсен 19-годишник: преку социјалните мрежи испраќал навредливи пораки и експлицитни снимки од поранешната девојка

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања