Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Вчера се уапсени десет возачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
DSC_0402

Десет возачи вчера биле лишени од слобода на територијата на целата држава поради управување возило без возачка дозвола, со активна забрана за управување или под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи.

Според податоците, двајца возачи биле приведени во Тетово, а по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани, затоа што управувале моторни возила без положен возачки испит и без да поседуваат соодветна дозвола.

— реклама —

Во Велес и во Свети Николе биле приведени уште двајца возачи кои управувале возила и покрај тоа што имале изречена мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Во гевгелиско, пак, бил лишен од слобода еден возач кој управувал под дејство на алкохол.

— реклама —

Сите лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно возење

Македонија | пред 4 часа

avtopat

Со 1,65 промили алкохол се движел пеш по автопат среде ноќ

Македонија | пред 9 часа

media-library504h3sor75i1c1zwuYt

Кражба во црква кај Крива Паланка, украдени пари и бакарен котел

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања