„Вечер на Живко Чинго“ 2025

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

ОО
ZivkoCingo08132025016

Синоќа во с. Велгошти се одржа  културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.  По традиција беше врачена истоимената награда  на авторката   Дијана Петрова  чиј расказ „Мизанабим”  беше избран за најдобар  по претходно распишан Конкурс на Општина Охрид.

— реклама —

За значаењето на манифестацијата „Живко Чинго“ обраќање имаше  Ана Крстеска, заменик градоначалник на Охрид .

— реклама —

— реклама —
ZivkoCingo08132025018– Во затишјето на ноќва во атарот  на нашево убаво  Велгошти се  собравме да оддадеме почит на делото на најголемиот раскажувач на сите времиња,  Живко Чинго кој по Климент Охридски и Григор Прличев веројатно е третата по значај културна личност од  Охрид и Македонија. Има ли Македонец кој не знае за  чудесната „Пасквелија“, која одново и одново не собира секоја година тука во родното село на великиот Чинго за да му оддадеме должна почит  за секој напишан збор, расказ или роман од неговата рака. Преку манифестацијата “Вечер на Живко Чинго“, ја покажуваме  нашата вековна  определба  делото на големиот раскажувач и  книжевник, засекогаш да биде запаметено во колективната меморија на Охрид и Македонија. Со вечерашново чествување, исполнуваме само мал дел од обврската кон сите великани кои оставиле културен и цивилизациски белег во милениумската историја на Охрид и Македонија, а Живко Чинго е во самиот врв.  На конкурсот за најдобар расказ што  во чест  на Живко Чинго секоја година го распишува Општина Охрид расте конкуренцијата и во бројот на пристигнати раскази и во литературниот израз, што покажува дека  неговиот лик и дело се слават  на најсоодветен начин. Секоја година се раѓа некоја “нова  Пасквелија“ напишана од перото на некој млад Чинго што е доволна потврда за почитта што ние како народ ја одааваме кон него.

Годинава расказот „Мизенабим” по квалитет и раскажувачка моќ веројатно е „годинешната  Пасквелија“, а  авторката Дијана Петрова според книжевните вештини е младиот Чинго. Токму нејзе од срце и честитам за добиената награда  посакувајќи и идни книжевни успеси и достоигнувања, а вас почитувани ве замоолувам и во иднина да го почитувате, читате  и негувате делото на Живко Чинго најголемиот раскажувач на сите времиња- подвлече Крстеска

Наградениот расказ се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.

Дијана Петрова е добитник на бројни награди и признанија.

На манифестацијата беше промовирана и книгата „Наградата Живко Чинго од востановувањето  до денес“ од м-р Милчо Јованоски.

Беседа за Живко Чинго одржа проф. д-р Кристина Николовска.

 

ZivkoCingo08132025001

ZivkoCingo08132025002

ZivkoCingo08132025003

ZivkoCingo08132025004

ZivkoCingo08132025005

ZivkoCingo08132025006

ZivkoCingo08132025007

ZivkoCingo08132025008

ZivkoCingo08132025009

ZivkoCingo08132025010

ZivkoCingo08132025011

ZivkoCingo08132025012

ZivkoCingo08132025013

ZivkoCingo08132025014

ZivkoCingo08132025015

ZivkoCingo08132025016

ZivkoCingo08132025017

ZivkoCingo08132025018

ZivkoCingo08132025019

ZivkoCingo08132025020

ZivkoCingo08132025021

ZivkoCingo08132025022

ZivkoCingo08132025023

ZivkoCingo08132025024

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryooa6qk51d0j693IBSQ6

(Видео) Одземањето на возила на тие кои немаат возачки донесе блокирање на патот Битола-Охрид со запален отпад

Настани | пред 17 часа

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-50-7110PM

Пијан возач удрил во друго возило на кејот во Охрид, полицијата го уапсила со 2,48 промили алкохол

Охрид | пред 3 дена

media-libraryp24ke1v5ijk0aUMB2oQ

Охридски Комуналец со интензивни активности за уредување и одржување на јавното зеленило

ОО | пред 4 дена

media-library1jsujr6vk9o66QBUsTx

ЈП „Охридски Комуналец“ расчисти диви депонии од потегот Лагадин – Пештани

ОО | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања