„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Вечерва промоција на книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин

Книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова, ќе има промоција вечерва од 20ч во кафе-книжарницата Буква во Скопје. Промоцијата ќе биде во вид на разговор меѓу културологот д-р Дарин Ангеловски и авторката.

— реклама —

„Јазикот е чудна ѕверка“ е хибридна збирка со куси лични истории, рецензии и есеи, во издание на „Или-Или“. Конципирана е како флуиден текст кој, иако преоѓа од еден во друг жанр, за заеднички именител го има пишувањето како алатка за уживање во зборот односно јазикот. Личните истории имаат формат на куса проза во која се прожима носталгично доживување на урбан живот во Скопје во распон од речиси 50 години. Рецензиите за филм анализираат домашни и странски дела во распон од 20 години, но исто како и рецензиите за медиуми и есеите, во суштина го истражуваат духот на совремието, општествените промени и нивното промислување.

„Кога ги ставив сите зборови на куп, сфатив дека мојата љубов кон пишувањето и кон зборот е она што ги поврзува овие различни текстови: прозни цртички, сеќавања, есеи, рецензии, интервјуа, теоретски размислувања, афоризми, поезија. Меракот за текст е она што ги спојува различните делови во збирката“, вели Костова.

— реклама —

Дизајнот на корицата е на германскиот уметник Ангел Паневски, а поговорот е на Милчо Манчевски.

Марина Костова е наградувана новинарка и филмска критичарка. Таа е заменичка-главен уредник и членка на основачкиот состав на Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК (www.sdk.mk). Авторка е на монографијата „Манчевски“ и на книгата „Дожд, светот за Пред дождот на Милчо Манчевски“, кои како македонски артефакти се достапни во над 120 национални и универзитетски библиотеки во светот. Претседателка е на Националната секција на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Nenad-g

Промоција на книгата „Прес енд плеј“ на Ненад Георгиевски: Каледиоскоп од луѓе чии дела оставиле трага во нашата и светската музичка историја

Магазин | пред 1 година

unnamed

Самостојна изложба и промоција на книга на Невена Алексовски

Магазин | пред 3 години

knigi

Истражување: 20 книги за кои луѓето лажат дека ги прочитале

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања