Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Велешанец фатен при обид за кражба во црква

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryvnehc157sqcfcbwwtGL
ФБ

Четириесет и тригодишен жител на велешкото село Бузалково, со живеалиште во Скопје, е лишен од слобода откако бил затекнат при обид да изврши кражба во црква кај местото викано „Ветерско“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Инцидентот се случил ноќеска околу 2:30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес, во близина на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, го забележале Д.М. (43) како излегува од патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црковен објект.

— реклама —

Откако ги забележал полициските службеници, осомничениот се обидел да се оддалечи од местото, но по преземените мерки и активности возилото било запрено, а тој бил приведен во полициска станица.

— реклама —

При службениот разговор, Д.М. го признал делото, а при извршениот преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека биле наменети за извршување на кражбата.

— реклама —

За случајот бил известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 17 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 17 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања