Промени тема
Контакт

Велјановски за одлуката на Јакимовски: Нема да бидеме сојузник на профитери и не сме пријател на градежаната мафија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2022-06-08-at-13.48.38

Советникот Роберт Велјановски со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош кажа дека градоначалникот Стевчо Јакимовски решил да ја раскине коалицијата бидејќи тие не дозволиле бетонизација на општината. Велјановски обвини дека Јакимовски го продолжил тоа што го правел неговиот претходник Стефан Богоев.

„ВМРО-ДПМНЕ не е пријател на градежната мафија и никогаш нема да биде сојузник на бизнисмени кои сакаат да профитираат на грбот на народот и на животната средина.

Денешната прес-конференција на Градоначалникот Стевчо Јакимовски е реакција на црвстите заложби на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по ниедна цена да не се дозволи понатамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор во општината.

Несогласувањата на оваа тема се од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Карпош. Господинот Стевчо Јакимовски наместо да се сврти кон граѓаните, нивните потреби и барања за почист Карпош, со повеќе зелени површини и содржини за рекреација, тој одбра да продолжи по стапките на Стефан Богоев.

— реклама —

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не одобрија неколку обиди на Јакимовски за вцртување на згради на различни локации низ Карпош, кои освен за интересот на бизнисот не му служат никому. Јакимовски и покрај нашите бројни апели за прекин на бетонизацијата продолжува со намерите да штанца градежни дозволи.

Јакимовски и денес сакаше да помине нов ДУП со 7 нови згради во Злокуќани, како и претходните негови обиди за усвојување на ДУП-ови со нови згради, така и за овој Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не даде поддршка на планот и на денешната седница истиот не беше усвоен.

Принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите и ветувањата пред граѓаните се нашата единствена водилка и приоритети кон кои ние се стремиме.

— реклама —

Жал ни е што во овие наши заложби градоначалникот не се препозна, ниту пак ни се придружи. Разликата е јасна. Од една страна ние со заложбата за хумана урбанизација и зелен Карпош, од друга страна Јакимовски со неговите заложби за продолжување на бетонизација.“, кажа Роберт Велјановски со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош.

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека имало рекет и закани. Според него, сега ќе следуваат навреди и клевети поради одлуката.

— реклама —

Screenshot-2022-06-08-at-12.21.10

(ВИДЕО) Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека имало рекет и закани. Според него, сега ќе следуваат навреди и клевети поради одлуката.„Во изминативе седум месеци се потрудив да работиме транспарентно и да ги корегираме политиките кои биле погрешни. Со целосен ресепкт за политиките кои ги носиме да се усогласиме и заедно да делуваме за интересите на граѓаните. За жал целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успе

Скопје | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-ptici-struen1

Денес прекин на струјата во Општина Карпош

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarynhi48kqsdp3daITSseD

ОУ „Братство“ добива нова спортска сала вредна 64 милиони денари, ќе има трибина со 400 седишта

Скопје | пред 2 седмици

park

Паркот во Карпош 4 ќе биде готов до крајот на годинава: 72.000 квадрати зеленило и спортски терени

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryclab9cqjnh305hrVoST

(Видео) Нов вандализам, овојпат во Карпош: деца снимени како уништуваат приватен имот

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања