Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Венецуела испраќа ловци F-16 над американски разурнувач – расте тензијата со Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
brod-venecuela

Венецуела по вторпат во два дена испратила воени авиони во близина на американскиот разурнувач USS Jason Dunham, кој се наоѓал во меѓународни води. Американскиот Пентагон овој потег го оцени како „опасна игра на нерви“.

— реклама —

Според американски одбранбени извори, се работи за борбени авиони F-16 кои ноќта меѓу четврток и петок прелетале над разурнувачот опремен со систем Aegis. Иако авионите биле во домет на бродското оружје, американската морнарица не возвратила со оган. Засега не е познато дали венецуелските авиони биле вооружени.

— реклама —

Првиот инцидент се случил ден претходно, кога два F-16 прелетале над истиот брод. Тогаш Пентагон оцени дека се работи за „многу провокативен потег“ насочен кон попречување на американските операции против нарко-тероризмот.

USS Jason Dunham е дел од флотата американски воени бродови распоредени во регионот за борба против криминални организации и трговија со дрога. Како дополнително засилување, САД испратија и десет борбени авиони F-35 на Карибите.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп остро порача дека секое ново приближување на венецуелските авиони ќе има последици: „Ако летаат во опасна позиција, ќе бидат во неволја“, изјави тој. Трамп ја донесе оваа изјава по брифинг со министерот за одбрана Пит Хегсет и со началникот на Генералштабот, генерал Дан Кејн.

— реклама —

Тензијата дополнително порасна откако Белата куќа претходно потврди дека американската војска извела напад врз брод осомничен за криумчарење дрога од Венецуела, при што биле убиени 11 лица. Според Вашингтон, бродот го контролирала криминалната група Tren de Aragua, која САД ја имаат прогласено за странска терористичка организација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Венс ги смирува Американците по гласините за 90-дневен прекин на струјата: Нема причина за паника

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Одборот на Трамп предупредува на неуспех на примирјето: Газа ја очекува уште една зима во шатори и урнатини

Свет | пред 3 дена

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 4 дена

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања