Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Венс: Трамп сака историски договор, не привремен компромис со Техеран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryf138f6sc25if8qnAIg8
Vice President JD Vance

Потпретседателот Џ.Д. Венс изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се стреми кон постигнување „голем договор“ со Иран, во рамки на кој Вашингтон разгледува понуда на економски стимулации во замена за ограничување на нуклеарната програма на Техеран.

— реклама —

Во обраќање на настан во сојузната држава Џорџија, организиран од Turning Point USA, Ванс нагласи дека целта не е „мал, туку голем договор“, кој би ѝ овозможил на Иран пристап до глобалната економија и економски просперитет, доколку биде прифатен американскиот пакет услови.

— реклама —

Белата куќа разгледува ублажување на санкциите и други економски олеснувања, доколку Техеран се согласи на запирање на збогатувањето ураниум и прекин на поддршката за регионални групи како Хамас, Хезболах и Хутите. Дел од можните мерки би вклучувале и енергетски договори и снабдување со материјали за цивилна нуклеарна програма.

— реклама —

Во исто време, дел од американските функционери тврдат дека сè уште нема формален договор за продолжување на примирјето и дека евентуални нови разговори би можеле да се одржат во Исламабад, иако засега ништо не е официјално потврдено од Белата куќа.

— реклама —

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, демантираше дел од медиумските извештаи за формални барања за продолжување на примирјето, но нагласи дека разговорите со Техеран продолжуваат и дека постои оптимизам за постигнување договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 1 ден

media-libraryk5d2s9pibflc69dsS94

Истрага во САД за 1,2 милиони возила на Ford: Воздушните перничиња предизвикале изгореници од трет степен

Свет | пред 2 дена

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

САД и Израел разгледуваат нов напад врз Иран за да го засилат притисокот врз Техеран

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања