Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вежбање, јога и чај: Седум начини за намалување на стресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-librarys1h81su84c8j0Qz6TBw
Photo by Arek Adeoye on Unsplash

Стресот е неизбежен дел од секојдневието, но експертите велат дека со неколку едноставни навики може значително да се намали неговото влијание врз физичкото и менталното здравје.

Една од најефикасните стратегии е редовната физичка активност. Дури и неколку минути движење дневно го поттикнуваат лачењето ендорфини, хормони кои го подобруваат расположението, ја намалуваат напнатоста и придонесуваат за поквалитетен сон.

— реклама —

Медитацијата исто така се покажала како еден од најдобрите начини за намалување на нивото на кортизол – хормонот на стресот. Истражувањата покажуваат дека таа може да биде поефикасна од некои други техники за опуштање.

Ароматерапијата, особено со етерично масло од лаванда, има смирувачки ефект врз нервниот систем. Корисни можат да бидат и маслата од бергамот, камилица, лимон, жалфија, темјан и иланг-иланг.

— реклама —

Меѓу препораките е и практикувањето јога, која придонесува за намалување на стресот, регулирање на хормоните и подобрување на работата на кардиоваскуларниот систем.

— реклама —

Експертите советуваат и редовно пиење чај. Истражувањата покажуваат дека црниот, зелениот, како и билните чаеви од камилица и лаванда, можат да помогнат во побрзо закрепнување на организмот по стресни ситуации.

Како природен сојузник против стресот се споменува и хмељот, кој има смирувачко дејство и помага во намалување на мускулната напнатост. Сепак, се препорачува да се консумира преку чаеви или други безалкохолни производи.

— реклама —

Последниот совет е да се намали внесот на кофеин, особено во попладневните часови, бидејќи прекумерната консумација може да го зголеми нивото на кортизол и да го наруши квалитетот на сонот.

Според експертите, најважно е секој да пронајде рутина што му одговара, бидејќи комбинацијата од здрави навики може значително да помогне во справувањето со секојдневниот стрес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7b1lmhjsgdj7bIgrSP7

Зошто прво ни се затнува едната, а потоа другата ноздра?

Вирално | пред 2 седмици

— реклама —
media-library3unmusk0p3mk1fAaIW6

Повеќе чекори, подобра концентрација? Научниците открија интересна поврзаност

Вирално | пред 3 седмици

media-librarysd5h61289eaj1MsMsDL

Нутриционистките откриваат кој леб е најдобар за организмот

Вирално | пред 3 седмици

media-library8od0sru5oktoc53nMMh

Биолошката возраст на срцето се менува по трансплантација, покажува ново истражување

Вирално | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања