„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

(Видео) Акција против нелегална сеча на дрва на Беласица – запленети возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryvjrgonhe654oe3UA2ey

Кире Михаилов, заменик-директор на ЈП Национални шуми, на социјалните мрежи објави видеа од акцијата на планината Беласица, каде во текот на вчерашниот ден беа фатени дрвокрадци. Во рамки на акцијата се одземени возила со кои биле превезувани дрва без соодветна документација.

— реклама —

„Планината Беласица над село Банско е подложена на страшен удар на дрвокрадците! Во текот на денешново попладне, во добро координирана заедничка акција во која учествуваа вработените на ПШС "Беласица" при ЈП "Македонски Шуми" и шумските полицајци од шумските полициски станици од Струмица и Валандово. Во оваа акција се одземени едно ТМВ комбе и едно ПМВ кола, две возила со кои изминатиов период е направена огромна штета на планината Беласица и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави. Акцијата се одвиваше во струмичкиот регион на местата викани Муртински Колиби и Јаворник. Продолжуваме со уште посилно темпо кон решавање на сите оние кои се бават со нелегално сечење, нелегален превоз и нелегална продажба на дрво и дрвни сортименти“, вели Михаилов.

„Продолжува акцијата на Беласица! Овојпат со помош на МВР и Граничната Полиција станица Ново Село, после одземените ТМВ комбе и ПМВ кола, одземено уште едно ПМВ кола со кое се превезувале бесправно посечени нежигосани огревни дрва, без соодветна документација и посечени на место кое не е предвидено за сеча ... Продолжуваме посветено во извршување на нашите задачи за добро на нашите сограѓани“, додаде Мхаилов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu5g2hm4lho3b91VkXaw

Ѓорѓиевски: Екипите целосно мобилизирани поради паднати дрвја во Скопје

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryd9bcsqum2on2bs6HdpD

Силен ветер во Скопје, паднати дрвја, скинати кабли, материјална штета на повеќе автомобили

Скопје | пред 1 седмица

media-librarytd8smjlg06obdAd9cdE

ЈП Национални шуми ќе исплаќа регрес во огревно дрво, Трендафилов реагира: Државниот инспекторат за труд да отвори постапка

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryb02668f3n8k80u9xvLF

(Фото) Запленети три шпедитери со бесправно исечено дрво

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања