„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Амар Мециновиќ: Левица станува обединувачка сила во Скопје, ќе ги раскинеме сите штетни договори за 72 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library71rg258agqc86echgtr

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст на поддршката по првиот изборен круг и дека левиот гласачки спектар цврсто се обединува околу нивната програма. „Во изминатите неколку дена гледаме голем прилив на нови поддржувачи. Многу граѓани кои досега не гласале за Левица, сега ја гледаат како најсоодветна опција во вториот круг“, рече тој.

— реклама —
tB1jipJYG_M

Мециновиќ истакна дека Левица ќе ја преземе улогата на обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје. „Нашата улога како обединувачка сила е очигледна, и тоа е одговорност, но и привилегија. Испишуваме нови страници во политичката историја на Македонија“.

Понатаму, во своето обраќање, Мециновиќ најави дека Левица е во разговори со неколку независни листи за можност за соработка во Градскиот совет. Како што истакна со дел од независните листи, како Зелен Хуман Град, веќе имале заеднички ставови и гласања во претходниот мандат. „Верувам дека и овојпат можеме да најдеме заеднички точки на интерес“, изјави тој.

Моменталната политичка ситуација Мециновиќ ја оцени како мобилизација против владината политика, посочувајќи дека владата, според него, ја злоупотребува кризата со отпадот во Скопје. „Владата сакаше до крај да ги истроши скопјани, за потоа да прави театар со нивното здравје. Тоа е доказ дека имаме деструктивна власт“.

Кандидатот на Левица порача дека партијата во следниот период ќе понуди алтернатива која ќе биде проактивна и фокусирана на интересите на граѓаните, а не на лични агенди. „Не сакаме повторно да се повтори сценариото со градоначалничката Данела Арсовска. Ние сме тука да ја исполнуваме агендата на скопјани, не на поединци“, истакна тој.

Мециновиќ најави и конкретни потези веднаш по преземањето на градската власткако раскинување на сите штетни договори што ја оптоваруваат градската администрација и јавните претпријатија „уште во првите 72 часа“. Исто така, нагласи дека во првите 72 часа ќе го раскинат договорот со кој казина и обложувалници се рекламираат на автобусите. „Тоа веќе не смее да биде така. Градската власт не смее да дозволува промовирање на корозивни општествени процеси на својот имот“, објасни Мециновиќ и додаде дека со ваква одлука ќе се подобри и финансиската состојба на Јавното сообраќајно претпријатие. „Најатрактивниот рекламен простор во градот ќе биде вратен под стопанисување на јавното претпријатие, а не на приватни маркетинг агенции кои му оставаат само трошки“.

Во делот на културата, Мециновиќ најави две нови насоки во политиката на градот за поддршка на младите: финансиско зајакнување на Младинскиот културен центар (МКЦ) и основање на скопски графити фестивал.

„Сакаме да му дадеме поголема финансиска поддршка на МКЦ. Дел од неговите простории може да се претворат во Скопско рок школо, простор каде младите ќе имаат пристап до инструменти и ќе можат да вежбаат и да се усовршуваат“, објасни тој, додавајќи дека проектот ќе биде по примерот на слични иницијативи во европските градови.

Мециновиќ најави и идеја за нов фестивал: „Ќе поддржиме формирање на Скопски графити фестивал, по примерот на градови како Мостар. Секоја пролет ќе каниме уметници од регионот и од светот да создаваат мурали и графити, со што ќе го разубавиме Скопје и ќе му дадеме нов визуелен идентитет“. Според него, ваквите иницијативи ќе придонесат за поголема активност на младите во културниот живот и ќе го направат градот попривлечен за домашни и странски посетители.

Мециновиќ најави дека во следните десет дена партијата ќе одржува тематски прес-конференции на кои ќе ги претставува дополнителните идеи и мерки за Скопје. „Нашите активисти се деноноќно на терен. Секојдневно комуницираме со граѓаните и ја артикулираме пораката на најдобар можен начин“. На крај, повтори дека очекува „значително зголемување“ на поддршката во вториот круг.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 19 часа

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 4 дена

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања