Промени тема
Контакт

(Видео) Апокалиптични снимки од Кичево снимено од дрон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library5puansjnjfku9GWcG2m
Фото: Давор Б / porta.mk

Катастрофална е состојбата по поплавите на улицата „Прилепска“ во Кичево, каде што домовите на жителите беа поплавени откако реката Зајаз, која минува покрај населбата, излезе од своето корито. Жителите со загриженост и револт ги чистат своите куќи исполнети со вода и кал, стравувајќи дека ваквите сцени може повторно да се повторат.

По евакуацијата, дел од погодените граѓани беа сместени во спортската сала, каде што ги посети и градоначалникот на Кичево. Тој информираше дека на граѓаните им се обезбедени душеци, греење и храна, како и основни услови за престој. Поради големото количество вода на терен, надлежните служби засега не можат да интервенираат со механизација за целосно расчистување.

Формиран е кризен штаб кој ќе ја координира состојбата на терен. Според најавите, лекарски тимови ќе ги посетуваат евакуираните лица двапати дневно, а ќе бидат ангажирани и хигиеничарки од општината за одржување на хигиената во прифатните простории.

— реклама —

Од општината информираат дека, штом ќе се повлече нивото на реката, ќе се пристапи кон изградба на траен заштитен насип, со цел да се спречи идно излевање при обилни врнежи. Жителите од овој дел на Кичево со години се соочуваат со истиот проблем, бидејќи нивните домови се наоѓаат во непосредна близина на речното корито.

— реклама —

Обилните врнежи од дожд во изминатите денови предизвикаа сериозни поплави, одрони и сообраќајни проблеми низ целата држава. Поплавени се домови, подруми и магацини, а уништени се и значителни земјоделски површини. Освен Кичево и Охрид, како една од покритичните точки се издвојува и Ресен, каде што надојдената вода предизвика големи материјални штети и го загади системот за вода за пиење.

— реклама —

Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека и натаму најкритични остануваат реките Вардар, Треска, Црна Река, Крива Река и Пчиња, апелирајќи до граѓаните на претпазливо движење покрај речните корита и суводолиците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library22ehvslmdm22arH0l94

Жена во Кичево фрлала дрва кон две деца, потоа ги бркала со остар предмет

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarytltsod8ldlrsdQYovnO

Андовски во Кичево: Конкретен план за нова и функционална болница

Македонија | пред 1 месец

media-library1nkgmt7e9lhd9uwLOyh

(Видео) Балкански рис забележан во околината на Кичево

Македонија | пред 2 месеци

02

Кичевец фатен при предавање кокаин, поднесена кривична пријава

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања