Промени тема
Контакт

(Видео) „Барбара“ пустоши на Балканот: Критична е состојбата во Романија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryqp1kslp9a476bWEr40O
YouTube/Print Screen

Циклонот „Барбара“, откако премина преку Грција и Бугарија, донесе силни врнежи и потешкотии во секојдневниот живот на граѓаните во повеќе делови од Романија. Во пет окрузи и во главниот град Букурешт е прогласен црвен аларм за дожд: за наредните 24 часа се прогнозираат над 200 литри по квадратен метар – количина што одговара на тримесечен просек.

Најтешка е состојбата во градот Констанца, каде бурното невреме од синоќа и утрово го парализира јавниот превоз, поплави улици и објекти, ја заглави канализацијата и урна дрвја. Наставата беше откажана, а екипите интервенираа цела ноќ и продолжија и утрото, соопшти градската администрација, нагласувајќи дека теренот се следи непрекинато за навремена реакција.

Градоначалникот Вергил Кичак посочи дека проблемот го влошува недоволно развиената одводна мрежа – не ги покрива сите квартови – па на повеќе сообраќајници се формираат големи водени езера.

— реклама —

Иако октомври ретко носи екстреми, „Барбара“ ја менува статистиката. Метеоролозите предупредуваат дека количеството може да го надмине максимумот од 77 литри на метар квадратен, регистриран на 2 октомври 2005 година. Овојпат се очекуваат и до 90 литри за едно деноноќие. На планините ќе заврне лапавица и снег, а снежната покривка може да надмине 30 сантиметри.

Во двете земји се на сила предупредувања за продолжени обилни врнежи. Во Бугарија 51 населено место остана без струја; надлежните ги надгледуваат мостовите и критичната инфраструктура и апелираат граѓаните да избегнуваат патувања и да ги следат насоките.

— реклама —

Иако Македонија не е директно на патеката на циклонот, метеоролозите најавуваат локални поројни дождови и силен ветер, особено на исток и во планинските области. Најголема количина дожд досега е измерена во Демир Капија – девет литри на квадратен метар. Според последните прогнози, врнежите ќе стивнат вечерва, а од утре времето ќе се стабилизира со постепен пораст на температурите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4lfq8oo179hdaG6vTdl

Во Куманово поднесени 160 барања за обештетување по невремето

Македонија | пред 4 седмици

media-library8iindo7eal7t4MJBibD

(Видео) Невремето го разбранува Охридското Езеро, огромни бранови кај Градиште

Настани | пред 1 месец

media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Ѓорѓиевски: Општините ќе формираат комисии за пријавување на штетите од невремето

Скопје | пред 1 месец

media-library3qndtdmoe1k39q771ua

Колапс на линијата 112: Над 8.300 повици по невремето, ангажирани дополнителни оператори

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања