Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Бизнисот не си го раскажувам“: Стојна за наплатата кај Куклица и фискалните сметки, ја соочија и со снимки, но и документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Македонија
media-libraryrb75f5bv9biieov6dx1

„Бизнисот не си го раскажувам“, одговори Стојна Димитровска-Бот во „Претрес со Ландов“, во расправата за начинот на наплата кај Камени Кукли и за издавањето фискални сметки. Таа тврдеше дека работењето е легално и дека за правните и сметководствените прашања се грижат стручни лица.

Повод беше снимка од расправија со посетител, во која се слуша одговор дека по седум часот не може да му биде дадена фискална сметка.

Водителот Кристијан Ландов ја праша како го објаснува тоа и зошто посетителот би требало да плати без да добие фискална сметка.

— реклама —

Стојна во одговорите зборуваше за работење со домашни и странски посетители, како и преку странски туроператор. Не го прифати заклучокот дека со начинот на наплата прави нешто незаконски односно дека ја оштетува државата.

„Ништо не правам нелегално“, повтори таа.

— реклама —

На барањето подетално да објасни како функционира тој модел, одговори дека не сака јавно да го раскажува сопствениот бизнис.

Во разговорот кажа дека на проблематиката работат седум или осум адвокати, како и сметководители.

За себе нагласи дека е давател на услуги и дека постапува според она што ѝ било кажано дека е дозволено од страна на здружението „Извор“ каде претседател е нејзиниот татко Милош.

— реклама —

Стојна потврди дека сега има фискален апарат, а на прашањето на кого е регистриран одговори дека е на здружението. Не кажа кога бил регистриран, упатувајќи го прашањето до здружението.

Ландов инсистираше дека јавноста има право да знае како се наплаќаат услугите поврзани со пристапот до локалитетот. Стојна остана на уверувањето дека ги исполнува обврските и дека не прекршува закони.

— реклама —

Што точно се слуша на снимката, како Стојна ја објаснува расправијата со посетителот и зошто не сака да го открие моделот на работење?

Гледајте го целиот „Претрес“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4h7ssmc35pmfeTjB3ui

(Видео) Стојна не се октажува од Куклица: „Сум наплаќала, наплаќам и ќе наплаќам, за џабе нема ни код бабе“

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања