Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Застанала на врата во затворот во Куманово и побарала по пет евра: Стојна раскажа за притворските денови, стражарите не биле сигурни дали се шегува или е сериозна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Македонија
media-library8ab5l78sf60m3FR9vuP

Стојна Димитровска-Бот, позната по наплатата на услуги кај локалитетот Камени Кукли, во „Претрес со Ландов“ раскажа дека и за време на притворот кој го издржуваше во кумановскиот затвор се пошегувала со барање пари.

Застанала на врата и кажала дека секој што ќе излезе треба да остави по пет евра, по што, според нејзиното сведоштво, добила опомена.

— реклама —

„Имаше еднашка, застанав на врата, така чисто на шала им кажувам: сега кој ќе излезе тука, по пет евра да стави“, раскажа таа.

Водителот Кристијан Ландов ја праша дали тоа значи дека наплаќала и во притворот, но Стојна појасни дека не наплаќала, туку се шегувала.

— реклама —

Според нејзиното раскажување, присутните првично не знаеле дали е сериозна. Откако реагирале и ја прашале што прави, им објаснила дека станува збор за шега и се извинила.

Стојна кажа дека добила опомена, но дека потоа немало друга таква случка.

За 68-те дена поминати во притвор зборуваше како за стресно искуство, особено затоа што и натаму тврди дека не направила ништо незаконски. Сепак, позитивно го оцени односот на вработените, за кои рече дека професионално и навреме си ги извршувале обврските.

— реклама —

На забелешката од Ландов дека хуморот постојано ја држи, одговори дека сака позитивни работи и дека се обидува да се дистанцира од негативното.

Што уште раскажа за притворските денови и како одговори на прашањето дали наплатата кај Куклица продолжила и додека била зад решетки?

— реклама —

Гледајте го целиот „Претрес“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrb75f5bv9biieov6dx1

(Видео) „Бизнисот не си го раскажувам“: Стојна за наплатата кај Куклица и фискалните сметки, ја соочија и со снимки, но и документи

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4h7ssmc35pmfeTjB3ui

(Видео) Стојна не се октажува од Куклица: „Сум наплаќала, наплаќам и ќе наплаќам, за џабе нема ни код бабе“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања