Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Стојна поминала 68 дена во притвор, но не отстапува од наплатата кај Куклица: Беше стресно!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 45 минути -

Македонија
media-library8ab5l78sf60m3FR9vuP

Стојна Димитровска-Бот поминала 68 дена во притвор, но и по излегувањето останала на ставот дека има право да наплаќа услуги кај локалитетот Камени Кукли.

Во „Претрес со Ландов“ тврдеше дека не прави ништо нелегално, а за периодот додека била притворена кажа дека, според нејзините сознанија, наплатата продолжила.

„Мислам дека да“, одговори на директното прашање дали некој наплаќал и додека таа била во притвор.

— реклама —

Објасни дека не е единствената што е присутна кај локалитетот и дека таму има и други членови од здружението „Извор Кратово“.

Водителот Кристијан Ландов ја праша зошто по искуството со притворот продолжила со истото постапување, кога институциите и укажуваат дека е незаконско. Стојна одговори дека смета оти не прекршува ништо и дека го користи правото што го има.

— реклама —

За притворот кажа дека бил стресно искуство, особено затоа што е уверена дека не сторила нешто за што требало да биде притворена.

Истовремено, позитивно зборуваше за професионалноста на вработените во установата. Направи разлика меѓу условите во објектот и односот на луѓето што работеле таму, за кои рече дека навреме ги извршувале обврските.

Во емисијата Ландов прочита и одговор од МВР, според кој против неа биле поднесени две кривични пријави — за спречување службено лице во вршење службени дејствија и за узурпација на недвижности. Во прочитаниот одговор беше наведено и дека по уште две лишувања од слобода во последниот месец ќе следуваат дополнителни пријави.

— реклама —

Стојна не ги прифати обвинувањата за незаконско постапување.

Тврдеше дека ги почитува правилата и законите, а за постапувањето на институциите изнесе сомневање дека е по наредба од повисоко ниво, без да именува кој би стоел зад тоа, ниту да понуди доказ.

— реклама —

Зошто вели дека нема да отстапи, кој се грижи за локалитетот во нејзино отсуство и што раскажа за деновите во притвор?

Гледајте го целиот „Претрес“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8ab5l78sf60m3FR9vuP

(Видео) Застанала на врата во затворот во Куманово и побарала по пет евра: Стојна раскажа за притворските денови, стражарите не биле сигурни дали се шегува или е сериозна

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryrb75f5bv9biieov6dx1

(Видео) „Бизнисот не си го раскажувам“: Стојна за наплатата кај Куклица и фискалните сметки, ја соочија и со снимки, но и документи

Македонија | пред 1 ден

media-library4h7ssmc35pmfeTjB3ui

(Видео) Стојна не се октажува од Куклица: „Сум наплаќала, наплаќам и ќе наплаќам, за џабе нема ни код бабе“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања