Промени тема
Контакт

(Видео) Борозан: „Признанието на Клековски е најсилна потврда – бараме кривична одговорност!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryifq07madpqf85MK3Lvg

На прес-конференција, портпаролката на партијата Маја Борозан побара кривична одговорност за надлежните институции и функционери поради случајот со загадената вода во Гостивар, оценувајќи дека признанието на министерот за здравство Сашо Клековски за задоцнета реакција е потврда за институционален пропуст.

Борозан посочи дека повеќе од 4.070 граѓани досега побарале медицинска помош поради, како што наведе, затруена вода со фекалии. Според СДСМ, само вчера биле регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете било хоспитализирано.

— реклама —

Од партијата тврдат дека првите симптоми кај граѓаните се појавиле уште на 14 јули, додека епидемија била прогласена дури на 19 јули, обвинувајќи дека институциите пет дена не ја информирале јавноста и не презеле навремени мерки.

СДСМ оценува дека признанието на министерот Клековски за задоцнетото активирање на „црвените светла“ претставува потврда за системски пропуст и бара кривична одговорност.

— реклама —

Партијата побара Јавното обвинителство да отвори постапка и да утврди одговорност, а како одговорни ги посочи министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Марија Андоновска, како и директорите на локалните центри за јавно здравје.

— реклама —

Од СДСМ порачаа дека, според нив, за случајот со водата во Гостивар мора да има одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryg9tajeqk6orbdZ1XosT

(Видео) Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Македонија | пред 2 часа

media-librarytc1rcc7kejja9obW7MV

(Видое) Борозан: Катастрофата во Гостивар продолжува –во водата има бактерии, а резултатите дури на 20 август

Македонија | пред 3 седмици

media-library55q1u3lf9g9d5TCRkeZ

(Видео) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

Македонија | пред 3 седмици

media-librarysnti2k1opgq05l8igDN

(Видео) „Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство“, вели Борозан

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања