Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?“, вели Најдоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 34 минути -

Македонија
media-libraryefd3ip1aido41FOLGFj

На прес-конференција, Мирче Најдоски од Комисијата за култура на СДСМ изрази загриженост дека илјадници вработени во културата би можеле да ги загубат правата гарантирани со Колективниот договор, во пресрет на одлуката на Уставниот суд за неговото оспорување.

— реклама —

Најдоски ја повика Владата да ги заштити правата на културните работници, обвинувајќи ја дека во Буџетот не се предвидени средства за исполнување на обврските од договорот.

Од СДСМ прашаа дали Владата однапред ја знае одлуката на Уставниот суд, кој треба да расправа за овој предмет, и предупредија дека евентуалното укинување на договорот би значело враќање на состојбите пред 2020 година.

— реклама —

Според партијата, Колективниот договор е резултат на долгогодишна синдикална борба, преговори и социјален дијалог, со кој бил подобрен материјалниот и професионалниот статус на илјадници вработени во културниот сектор.

— реклама —

СДСМ смета дека наместо укинување, потребно е целосно спроведување на договорот, а доколку постојат правни недоречености, Владата треба да предложи законски решенија со кои ќе се гарантираат работничките права.

„Уставниот суд не смее да стане продолжена рака на која било власт. Културата не е партиски плен, а културните работници не смеат да бидат колатерална штета на политиките на оваа власт“, порачаа од СДСМ, изразувајќи поддршка за вработените во нивната синдикална и законска борба за заштита на правата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryefd3ip1aido41FOLGFj

(Видео) „Рацете подалеку од работничките права, Колективниот договор за култура мора да се заштити“, вели Најдоски

Македонија | пред 4 минути

— реклама —
media-library24mnjn0bj5bocQY37nc

(Видео) Најдоски: ВМРО-ОКГ против Блаже Конески и македонскиот јазик

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања