Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Рацете подалеку од работничките права, Колективниот договор за култура мора да се заштити“, вели Најдоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Македонија
media-libraryefd3ip1aido41FOLGFj

Колективниот договор во културата мора да остане на сила и целосно да се спроведува, порача Мирче Најдоски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, на денешната прес-конференција, предупредувајќи дека работничките права на илјадници вработени во овој сектор не смеат да бидат доведени во прашање.

— реклама —

Најдоски оцени дека постои ризик културните работници да останат без договорот и да се вратат на состојбите пред 2020 година. Тој предупреди и дека, според него, во Буџетот не се обезбедени средства за исполнување на обврските што произлегуваат од документот.

„Дали криминалната влада која контролира сè во државата однапред ја знае одлуката на Уставниот суд, кој утре треба да одлучува по предметот со кој е оспорен Колективниот договор за културата“, праша Најдоски.

— реклама —

Тој повика на независно одлучување на Уставниот суд, без политички влијанија, нагласувајќи дека договорот е резултат на долгогодишна синдикална борба, преговори и социјален дијалог, преку кои бил подобрен материјалниот и професионалниот статус на илјадници културни работници.

— реклама —

„Наместо укинување на договорот што ги штити нивните права, потребно е целосно негово спроведување и реализација. Колективниот договор не е партиска придобивка, туку договор за работничките права“, истакна Најдоски.

Тој порача дека Владата треба да понуди законски решенија доколку постојат правни недоречености, наместо да дозволи можност за уназадување на правата на вработените во културниот сектор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryefd3ip1aido41FOLGFj

(Видео) „Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?“, вели Најдоски

Македонија | пред 47 минути

— реклама —
media-library24mnjn0bj5bocQY37nc

(Видео) Најдоски: ВМРО-ОКГ против Блаже Конески и македонскиот јазик

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања