Промени тема
Контакт

(Видео) Давчевски: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryh4kv140uinnbfzKu3PS

Зголемениот број случаи на западнонилска треска во Скопје е причина за сериозна загриженост, оцени денеска на прес-конференцијата претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Давчевски, обвинувајќи го градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за задоцнета реакција во справувањето со комарците.

Давчевски посочи дека досега се регистрирани 35 потврдени случаи, четири смртни случаи, а шест лица се на интензивна нега во критична состојба.

— реклама —

Според него, наместо навремена превенција, анализа и системска контрола на жариштата, прскањето против комарци започнало предоцна.

„Орце Ѓорѓиевски затаи кога најмногу требаше да делува. Го немаше кога требаше навремено да се прска, пред вирусот да се прошири и пред граѓаните да почнат да заболуваат“, рече Давчевски.

— реклама —

Тој упати критики и за работата на градската власт, наведувајќи дека, според него, не се решени ниту проблемите со отпадот, јавниот превоз и состојбата во Градскиот парк, додека градоначалникот се занимавал со други активности.

— реклама —

„Кој ја плаќа цената? Цената ја плаќаат Скопјани со сопственото здравје и животи“, истакна Давчевски.

Од СДСМ велат дека задоцнетото реагирање е пример за, како што оценија, поширок начин на функционирање на власта, при кој проблемите прво се оставаат да прераснат во кризи, а потоа се преземаат мерки.

„Орце Ѓорѓиевски не ги заштити Скопјани од комарците. А требаше и мораше. За тоа треба и мора да се одговара“, порача Давчевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

„Мицкоски најави 1.000 евра просечна плата а нема 600 евра за минимална, на бајките нема крај“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања