Повеќе од 10.000 посетители вечерва го исполнија стадионот во Охрид на спектакуларниот концерт „Слаткар и пријателите“, кој се вброи меѓу најпосетените музички настани ова лето во градот. Фан-питот беше целосно исполнет, ВИП-зоната распродадена, а илјадници обожаватели од сите генерации уживаа во повеќечасовната музичка програма.
Публиката во еден глас ги пееше најголемите хитови од дваесетгодишната кариера на Слаткаристика, а посебни емоции предизвикаа изведбите на безвременските песни на ДНК, Влатко Илиевски, Тоше Проески, Владо Јаневски и други македонски музички имиња, чии хитови продолжуваат да живеат преку публиката.
Концертот е во организација на „Прагма продукција“, која деновиве реализира серија големи музички спектакли во Охрид, носејќи на сцената дел од најпознатите домашни изведувачи и збогатувајќи ја летната културно-забавна понуда на градот.