Промени тема
Контакт

(Видео) ДПМНЕ го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-27-115837

ДПМНЕ го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани, поднесен од пратеникот, Борислав Крмов.

- Проектот мора да го завршите до 2026. Тоа значи дека уште 2 години има потенцијал да гори таа депонија и да ги труе кочанчани со канцероген чад. Како пратеник од Левица, барам еден милион евра тоа да не се случува. Тоа не се мои лични барања, тоа се барања на кочанчани, на вашите сограѓани - истакна Крмов, обраќајќи се кон Миле Лефков од Кочани, пратеник од ДПМНЕ.

— реклама —

Крмов потенцираше дека Јавното претпријатие „Водовод“ - Кочани, кое во два мандати го водеше членот на ДПМНЕ и сегашен градоначалник, Љупчо Папазов, е руинирано.

— реклама —

- ЈП „Водовод“ не може ни кочанското ѓубре да го сврти. Со она што го правите со 30 метра ограда, со две смешни камери, со чувари кои не се ни соодветни и за кои не знаеме дали биле таму или не, нема ништо да постигнете. Сонувале кочанчани за регионална депонија кај Мечкуевци. Таму е, исто така, огромен проблем, додаде пратеникот од Левица.

— реклама —

На коментарот од Лефков дека депонијата 7 години горела, Крмов потсети дека и во 2021 во Кочани ДПМНЕ ја држеше локалната власт, којашто е надлежна за депонијата.

- Јас сум против несоодветен проект којшто ќе го претвори Св. Николе во ѓубриште. Не е поентата да се пресели хаваријата од едно место во друго. Не е поентата да се реши проблемот за кочанчани, а да се створи проблем кај светиниколчани. Проблемот треба да се реши за сите, што значи дека треба да ги прифатите овие еден милион евра за соодветно да се третира депонијата до нејзино затворање и понатаму - да го прекинете тој проект за регионална депонија и да го почнете од почеток.

— реклама —

За сличен проект во Словенија, минимум 5 години е правена примарна селекција на ѓубре, пред да се стави шајка на регионалната фабрика, не - депонија, за преработка на отпад. Вие немате почнато ништо! Тоа ќе биде хаос каде што 320.000 жители ќе депонираат ѓубре во депонија блиску до гратче со 7000 жители. Тоа се 18 општини, кои неселектиран отпад ќе носат на депонијата - пластика измешана со стакло и сл.; органскиот отпад ќе ви тече од камионите по регионалните патишта кои не се соодветни за да се донесе ѓубрето до регионалната депонија. Само камионите од Куманово и од Крива Паланка што треба да депонираат отпад до Св. Николе, ќе треба да поминат низ центарот на Св. Николе и пола отпад ќе го остават на улиците - образложи Крмов.

Тој апелираше за итно решавање на проблемот, а го повика Лефков „да излезе и самиот да им каже на светиниколчани како ќе се решава проблемот на нивни грб“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања