Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) ДУИ без Ахмети и Груби тргна да стражари пред Уставен, ВМРО-ДПМНЕ им кажаа да не се мрзнат и прават фешти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-08-at-18.03.15

Активисти на ДУИ се собраа пред Уставниот суд и, како што најави партискиот функционер, Арбер Адеми, ќе останат таму до среда, 11 декември, кога треба да се одржи седницата за Законот за употреба на јазиците. На стражарење, не беа видени лидерот Али Ахмети и неговиот човек од доверба, кој е ексфункционер, Артан Груби.

— реклама —

– Собрани сме тука за да го подигнеме нашиот глас за прашања што ги засега темелите на еднаквоста на нашата мултиетничка држава. Ова не е обичен ден, ниту обичен повик. Денес повеќе од кога било е моментот да останеме обединети за да го заштитиме тоа што сме го добиле со многу труд и жртвување. На 11 декември Уставниот суд има закажано седница за разгледување на уставноста на Законот за јазици кој не е само правен акт туку е симбол на Охридскиот договор и во него е втемелена јазичната еднаквост, изјави Адеми дополнувајќи дека укинувањето на законот значи уривање на еден од кучните столбови на овој договор.

Според Адеми, „владеачката коалиција без легимитет наместо да се работи за заедничка иднина, таа разденува и напаѓа.

— реклама —

– Ова не е прашање на обичен закон, туку е прашање за нашите права како рамноправни граѓани, нашиот идентитет и иднина како општество, нашата иднина. Охридскиот мировен договор е нашата гаранција за праведно и еднакво општество. Од денес ќе останеме тука пред Уставниот суд ден и ноќ, на мирен начин да ти заштитиме нашите права и да осигураме дека нема ниту една одлука да го уништи она што го изградивме со жртвување. Ова не е иницијатива на една политичка партија, нагласи Адеми.

За деталите од денешното сценарио и она што вечерва ДУИ го прави внимателно упатуваме да ја слушнат денешната изјава на премиерот Мицкоски кој јасно ги отцртува нивните намери до последниот аспект, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ДУИ на овој начин сеат магла иако знаат дека во среда нема да се случи ништо. И откако нема да се случи ништо ќе треба да кажат дека ДУИ ја спасиле работата. А во суштина протестите се политичарите замешани во криминал од ДУИ против судиите на ДУИ. Нашиот совет е да не мрзнат и да не прават фешти кои се гол ПР. Само треба на СДСМ да му се јават со кои ја крадеа Македонија“, се наведува во соопштението од владејачката партија.

Реакцијата на ДУИ доаѓа откако пред Уставниот суд попладнево се собраа активисти на ДУИ, кои, како што најави партискиот функционер Арбер Адеми, ќе останат таму до 11 декември кога треба да се одржи седница за Законот за употреба на јазиците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-11-at-10.02.03

Одлука за Законот за јазици ќе има за два-три месеци, ќе се слушаат прво мислењата на експертите

Македонија | пред 11 месец

Simona-Gruevska-Simona-gruevska-960x607-1

Не може „повредените чувства” на Албанците да бидат поважни и повредни од чувствата на Македонците, вели професорката Груевска-Маџоска

Македонија | пред 1 година

IMG_4322

Тензично со Законот за јазици: професори Албанци со писмо до устсавните судии бараат да не се укинува како што барал Мицкоски

Македонија | пред 1 година

ahmeti-dv

ДУИ до САД, ЕУ и НАТО:Дестабилизација доколку се укинат одредби од Законот за јазици

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања